Ситуацијата со должничката криза во Грција продолжува, а многумина очекуваат и дека наскоро ќе излезе од еврозоната. Но, пред економистите, финансискиот крах го предвиде многу порано популарната телевизиска анимирана фамилија Симпсонови.
Долговечната анимирана серија веќе предвиде многу светски случувања, а некој открил дека во февруари 2013 година тие ја прогнозирале и моменталната ситуација во Грција.
Во епизодата од 2013 година наречена “Politically Inept, with Hommer Simpson”, Хомер се појавува во политичка емисија на Фокс Њуз, а за време на неговото гостување на лентата со вести во долниот дел од екранот може да се види наслов “Европа ја става Грција на eBay”.