Skip to main content

Кредитните картички во Грција се непожелни

Грција плива во неистражени води

 |  инфодеск  | 

Многу ресторани во Грција во овие моменти преферираат плаќање во кеш наместо со кредитни картички, а тоа е резултат од одлуката на грчката влада да ги затвори банките за да ги заштити од можни масовни повлекувања на пари.

На еден турист од Јапонија и неговиот пријател по вечерата во еден ресторан во Атина му било побарано да плати во кеш, а келнерот им објаснил дека причина за тоа се затворените банки.

“Ќе биде проблематично доколку ги прифаќаме кредитните или дебитните картички како облик на плаќање бидејќи потоа не можеме да повлечеме пари од банка”, им рекол тој и додал дека одлуката за одбивање на ваков облик на плаќање ја донесле оваа седмица.

Грција се најде во неистражени води откако нејзините жители на неделниот референдум рекоа “не”. Потег кој постави нови предизвици пред останатите членки на еврозоната и институциите на Европската унија.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, се враќа на преговарачката маса на која ќе се обиде да дојде до нов договор со доверителите.