Skip to main content

Иванден и моќта на лековитите билки

Денес се празнува Раѓањето на Св Јован Крстител или во народот празникот познат како Иванден. Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ.  Билкарите велат лековитите треви собрани од Иванден па натака имаат неверојатна моќ за лекување на разни болести.

 |  Николоска Биљана  | 

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, празникот посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител. Ритуалите со билките претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања, вели за телевизија ТВМ,  билкарот Чедо Андрески.

„За Иванден претежно се собира Ивано цвеќе, кое се реди меѓу алиштата, кое е корисно против молци. За иванден останато е од нашите предци, кантаријата и цветот на ајдучката треба се ставаат во маслиново масло и седат 7 недели. Тоа е најголем лек за рани, пресечено, изгорено, за воспаление на грлот, против рак на грлото, желудник, доказ е жена од Лакочереј на која се чуделе докторите во Љубљанската болнива како успеала да се излечи“ -вели Андрески.

Билките се собираат месец јули и август, почнувајќи од Иванден, нагласува Андрески. Лековитата моќ според него почнувала од тогаш.

„Јас никогаш треви на пазар не носам пред Иванден бидејќи теревите до тогаш не се квалитетни, не сакам да го лажам народот и да земам нечесни пари. многу тоа не го ценат тоа. ние билкарите одиме по планини кој е изложен ан опасност во прироадат“ – нагласува Андрески.

Андрески жали што луѓето од постарата генерација малку ги познаваат билките.  Смета дека тие на младите треба да им го пренесат своето знаење за лековитата моќ и начинот на собирање, сушење и подготовка на билни напитоци.
Инаку денешниот празник го чествува раѓањето на Св Јован Претеча кој е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на Св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на Свети Јован Крстител, Собор на Свети Јован Крстител, итн. Оттука може да види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек.

{loadposition content9}