Skip to main content

Влашкамаалци бараат мир

Жителите на урбаната заедница Горна Влашка маала повторно побарааа од локалната отстранување на двата објекти во близина на чинарот, кои како што велат долго време се собиралишта на нарко зависници.

 |  Голабовски Крсте  | 

objektЖителите на  „Горна Влашка Маала“ бараат отстранување на два објекти, кои извесен период се собиралишта на наркозависници и претставуваат проблем за безбедноста на месното население. Станува збор за локации во близина на чинарот, од кои едниот се просториите на некогашна „Охридска банка“,  а вториот објект е поранешната лебара и е објект од времен карактер. Повторно овој проблем беше актуелизиран од страна на советникот на ВМРО-НП Јоне Станкоски на вчерашната седница на Советот на општината.

objekt„Првиот објект којшто е наречен банка, е проверено со Секторот за урбанизам е дивоградба, додека тафтингот е вцртан тн. „Тафтинг“ е со корисничко право, Објектот банка може да се руши. А времениот објект лебара, може веднаш да се дислоцира бидејќи голем број објекти вие презедовте акција за времени објекти за нивна дислокација односно за отстранување“ посочи Станкоски.

Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека локалната е свесна за овој проблем со кој се соочуваат жителите на Горна Влашка маала, додавајќи дека треба да се најде форма, начин, да биде одземено корисничкото право врз времениот објект, доколку постои законска можност или доколку корисникот сам се откаже.

„Ние разговаравме со сопствениците на овој објект, има расположение за искористување на некој од законските можности, така да преговорите течат и понатаму. Јас како градоначалник и секторите во локалната имаат силна желба да излезат во пресрет на ова барање на жителите на Горна Влашка Маала“ објансува градоначалникот.

Инаку жителите од Влашка Маала веруваат дека овој проблем е најмногу генериран од  Регионалниот дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација на зависници од дроги што се наоѓа наспроти Ценатрот за социјални грижи и детската градинка Развигорче, за што неодамна побараа и дислокација на истиот.