Skip to main content

Педијатрите предупредуваат да се заштитат бебињата од канцерогените УВ зрачења

Внимавајте на индексот на УВ зрачењето-предупредуваат докторите. Високите температури се причина за загриженост, но ултравиолетовото зрачење според нив е опасност сама за себе.

 |  Мишел Наумоски  | 
stetni uv zracenja

Внимателно со изложеноста на директна сончева светлина. Иако најчесто луѓето се загрижени поради високите температури, сепак најголемата опасност според докторите не доаѓа од високата температура на воздухот, туку од високиот индекс на УВ зрачењето. Педијатрите предупредуваат дека особено подложни на штетните влијанија на штетното ултравиолетово зрачење се бебињата и малите дечиња. Предупредуваат дека мајките во никој случај не би требало да ги изложуваат своите дечиња на директна сончева светлина од 11 до 17 часот како би се заштитила нежната бебешка кожа.

zastita stetni zracenja„Кожата е голем орган кој што памети, овие сите елементарни непогоди како што е ова УВ зрачење даваат несакани компликации. Во рана фаза може да бидат локални како опекотини, понатака глобално организмот да биде зафатен со сончаници и колапсни состојби, поготово малите доенчиња и дечиња кои се со многу осетлива кожа која нема доволно одбранбен меланински ефект и доаѓа до разни опекотини од разни степени. Тоа е непријатна состојба за малите дечиња, но и за родителите, а секако и за нас докторите кои мора да интервенираме.“-вели д-р Никола Филев, специјалист педијатар.

Д-р Филев вели дека доколку мајките сепак одлучиле со своите бебиња или мали дечиња да одат на плажа, изложувањето на сончевата светлина да биде постепено. Потенцира дека секој ден би требало да се зголемува изложувањето на сонцето како би можеле да се активираат одбранбените системи на кожата. Д-р Филев вели дека многу е тешко да се балансира помеѓу здравото изложување на сончевите зраци кое е полезно за развој на провитаминот Д, и она што е веќе штетно изложување за бебињата и малите дечиња.

zastita uv zracenje„Тоа е веќе дисциплина би рекол и почитување на советите на педијатрите. Многу мајки за жал ги изложуваат сакајќи или несакајќи на таа инсолација што ние ја викаме. Сончевото зрачење во тој период треба сериозно да го сфатат, и да немаме помодарски однос туку дисциплинирано, затоа што кај детето тоа зрачење може да има и акутни но и долготрајни последици. Зголемени се меланомите, како малигни болести, сите тие бемки што вродено ги носиме може да се активираат после неколку години така да сериозно да ја сфатат оваа работа, да нема сончање во тој период, најдобро да нема сончање.“-рече тој.

Доколку се излегува со малите дечиња на сонце, д-р Филев препорачува употреба на заштитен фактор иако според него најдобро е да нема изложување на сонце во критичниот временски период од 11 до 17 часот кога и ултравиолетовото зрачење е најсилно.