Доаѓа Викторија Њуланд
Помошникот државен секретар на САД доаѓа во Македонија во време кога политичката криза влезе во драматична фаза, со оглед дека се прекинати преговорите за излез од неа, откако СДСМ ги прогласи за неуспешни.

Според дипломатски извори, Нуланд ќе се обиде подеднакво да ги убеди двете страни во потребата од компромис и неопходноста од продолжување на разговорите. Двете страни во случајов се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои презентираа ненадминливи разлики, додека ДПА и ДУИ засега ја имаат улогата на „конструктивни соговорници“.
По Нуланд, утре во Скопје пристигнува и еврокомесарот Јоханес Хан. Овие две посети се сметаат за клучни по прашањето за продолжување на преговорите на македонската лидерска четворка. За в среда е најавена и посета на францускиот министер за европски прашања, Арлем Дезир.