Општина Охрид должи на УЈП речиси 2 милиони денари
Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 31.март годинава и неплатени до 30. јуни.
Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 31.март годинава и неплатени до 30. јуни.
На обемната листа се наоѓаат должници по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Меѓу должниците се најде Општина Охрид која треба да и плати на Управата 1. 851. 387 денари. Јавното претпријатие „Погребни услуги“ има неподмирен долг кон УЈП во висина од 594.726 денари.
На листата должници од Охрид се најдоа повеќе физички лица како и правни субјекти меѓу кои има и туристичко-угостителски објекти.