Спроведена обуката за укажување прва помош
Англиски стандарди за укажување прва помош. Црвен крст од Охрид заедно со своите партнери од Манчестер, Англија и со противпожарната единица од Охрид на охриѓани им ги презентираа новите искуства во оваа област. Се повеше млади луѓе се заинтересирани за да се обучат за пружање прва помош.
Спроведена обуката за укажување прва помош. Црвен крст од Охрид заедно со своите партнери од операција Флоријан од Манчестер, Англија и со противпожарната единица од Охрид на заинтересираните присутни на грдаскиот плоштад синоќа им ги презентираа активностите кои во изминатите неколку дена се одвиваа во црвениот крст.Беше прикажано сето она што англиските инструктори ги научија охридските волонтери.
Првата помош е насекаде иста во цел свет но различни се стандардите и процедурите. Нашите волонтери бњеа обучувани според англиски стандарди кои многу не се разликуваат од нашите, но во Англија имаат многу повеќе технички средства и помагала на што ние во иднина треба да поработиме, вели Мимоза Ставрева, секретар во општинската организација на ЦК.
Ставрева појаснува дека секој граѓанин треба да има барем основни познавања од давање прва помош бидејќи никој не знае кога тоа ќе му затреба. Ја радува фактот што се поголем број млади луѓе ги посетуваат курсевите по прва помош во општинскиот Црвен крст. Таа додава дека давањето прва помош е толку едноставно, но толку значајно бидејќи може да спаси човечки живот. Во рамки на своите активности во делот на подготвеност за дејствување при катастрофи Црвен Крст Охрид веќе пет години соработува со операцијата Флоријан. Обуките кои ги водат реномирани инструктори се од големо значење за припадниците на противпожарните единици од Охрид и струга, единицата за безбедност на вода при центарот на Црвен крсткако и припадниците на граничната полиција. Од Црвен крст велат дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина.