Три години затвор за Верушевски
Три години затвор на поранешниот разузнувач Зоран Верушевски за недозволено поседување на оружје, ваква пресуда пред малку донесе Кривичниот суд.
Три години затвор на поранешниот разузнувач Зоран Верушевски за недозволено поседување на оружје, ваква пресуда пред малку донесе Кривичниот суд.
Тој на новинарите им поделил соопштение во кое стои дека не го признава овој суд.
На предходното рочиште тој еден час во судница објаснуваше дека пиштолот е на полицијата и таа треба да си го побара назад, а не да го апси за нелегално оружје. Од судот побара барем футролата од пиштолот кој го чува 32 години да му биде вратена назад.
Верушевски е виновен за нелегално држење оружје, е ставот на Обвинителството, а одбраната бараше ослободителна пресуда. Овие две спротивставени страни со аргументи докажуваа во завршниот збор дали Зоран Верушевски пиштолот што го чувал дома му е нелегално или службено оружје.