Проблеми во социјалната зграда во Охрид
„Превенција и изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат семејствата од ранливите категории на граѓани во општина Охрид“. Тоа беше тема на денешнава трибина која ја одганизираше Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен просторо. Целта на една ваква трибина била да се слушнат проблемите и на социјалците но и на институциите кои имаат проблеми од оваа сфера.
Граѓаните од ранливата категорија на општина Охрид, отворено проговорија за проблемите со кои се соочуваат, пред претставниците на надлежните институции. Станарите на социјалните станови велат дека се среќни што имаат покрив над главата, но секојдневно се соочуваат со низа проблеми.
„Многу сум радосна што сум го добила станот, самохрана мајка сум, 16 години бев под кирија, немам мака, освен да се смени претседателот на зградата и директорот што побрзо мерки да ни го пушти лифтот. Јас сум оперирана, имам дете болни и лифтот ми е потребен бидејќи живеам на 5 ти, а и хигиената да биде на повисоко ниво. „Не се чуствувам безбедна, таму многу чудни луѓе влегуваат во зградата, прво вратата не се заклучува, нема клуч нема ред и мир, нема безбеднос се крадело по поддрумите дрва и други работи и тоа навистина не е во ред треба строгост или некој навистина да застане и ова да го реши“.
Раководителот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Гоце Георгиевски вели дека забелешките се оправдани. Но нагласува дека во социјалните станови кои ги има 71 во Охрид, било забележано дека се краде струја од соседите, станарите ги реиздавале социјалните станови и така заработувале, а имало и случаи каде некои брачни другари се разведувале за да добијат уште еден социјален стан. Исто така голем број од станарите на социјалните згради имаат заостанати долгови кон сите ЈП и ЕВН.
„Самата цел денес е како на граѓаните им помогниме како да не се дозволи да има повторно иселување, меѓутоа кога ќе дојде крајната мерка кога нeма почитување на Јавниот ред и мир ние ќе бидеме приморани да иселиме и поголем број станари. Иселувањето се случи за неплаќање сметки и тоа големи ставки кон ЕВН, кој може да го наследиме ние, непочитување на ЈРM и опасна категорија социјални станови кои што ги издаваат на други во летниот период“
Георгиевски нагласи дека денес до претставниците на ЦСР и Локалната самоуправа побарале информација колкав е бројот на луѓе од социјалната категорија на кои не им е решено станбеното прашање со цел да увидат дали постои потреба за изградба на нови станбени единици од социјалн карактер. Првиот човек на Центарот Екрем Каљоши потенцира дека првата распределба на социјалнои станови била коректна, односно секој втор од вкупно поднесените 150 барања по различни категории добиле стан.
„Се случи луѓето поинтензивно да се интересираат за таа состојба и во Центарот доаѓаат лица кои бараат да им се додели социјален стан. Значи потребата за изградба на нови згради е оправдана и мислам доколку би се изградила уште една со 70 – 100 стана состојбата би се ублажила
Денешнава трибина која ја иницираше менаџментот на охридската подрачна единица на АД за Изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, имаше за цел да се превенира и изнајде решение за проблемите со кои се соочуваат семејствата од ранливите категории на граѓани. Присутни беа претставници од СВР Охрид, ЦСР, ЈП „Охридски Комуналец“, ЕВН и Локалната Самоуправа.
{loadposition content9}