Skip to main content

Сколимовска почина на тренинг

Полјакињата Камила Сколимовска, олимписка победничка во фрлање диск, ненадејно почина во текот на тренингот во португалското место Вила Реал де Санто Антонио.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kamila Skolimovska
Камила Сколимовска
Полјакињата Камила Сколимовска, олимписка победничка во фрлање диск, ненадејно почина во текот на тренингот во португалското место Вила Реал де Санто Антонио.

26-годишната олимписка победничка од Сиднеј 2000 година, паднала во текот на тренингот во салата. Веднаш била  префрлена во болница, но лекарите не можеле да и го спасат животот.

Kamila SkolimovskaЛекарите од полскиот атлетски сојуз сметаат дека причина за смртта би можела да биде белодробна емболија затоа што во вторникот се жалела на силни болки во листовите. Сколимовска е родена е на 4 ноември 1982 година, и таа е најмладата олимписка победничка во фрлање диск. Во кариерата освои и по една сребрена и бронзена медала на европските првенства.

 

{loadposition content9}