Skip to main content

Се крадат капаците на електричните столбови во Охрид

Добро отворете очи кога поминувате  покрај металните електрични столбови за јавно осветлување, бидејќи на неколку локации во градов на бандерите фалат капаци. Истите се опасни бидејќи се под напон. Оштетени столбови има во населбата Христо Узунов, улиците, АСНОМ, Карпош Војвода, како и на потегот од плажата Бела Виста до Кадмо.

 |  Николоска Биљана  | 

На дел од атрактивните и фреквентени локации во Охрид, подолг временски период инсталацијата на електричните столбови секојдневно претставува потенцијална опасност, за населението. Таа не е прописно заштитена бидејќи капаците се оштетени или пак импровизирано изврзани за електричните столбови, а на неколку бандери дури и ги нема. Одговорните од Секторот за комунални дејности улици и сообраќај Љупчо Танески, во неколку наврати кажа дека истите се мета на вандалско однесување од страна на несовесни граѓани. Додаде дека спровеле акција за замена на металните капаци со пластични, со цел да се спречи оваа опасна појава, но очигледно и тоа не помага.

„Заменавме определен број на метални капаци со пластични, меѓутоа и пластичните капаци на определени потези кои се затскриени од централното градско подрачје и од движењето на пошироките маси, повторно и тие се мета на вандали, значи до нас стигна пријава за уништување на металните капаци во дворот на училиштето Христо Узунов“ – вели Танескии.

Теренските екипи кои се одговорни за јавното осветлување, повторно ќе спроведат акција, за поставување на капаци на уништените електрични столбови, најави Танески. Тој повторно до сите граѓани се обрати со апел.

„Апелирам истите да не се уништуваат бидејќи можат да се појават посериозни проблеми при допир на истите со што би се случиле немили настани и затоа оваа појава треба да престане“ – апелира Танески.

Општественото добро е заедничко и секој треба да е свесен дека истото треба да се одржува а не уништува, вели Танески. Тој кажа дека секоја замена на металните капаци претставува финансиски терет на општината и создава непотребни трошоци кои би можеле да бидат искористени за сосема друга позитивна намена.

{loadposition content9}