Skip to main content

Локалната сеуште бара соодветни кадри за раководни позиции

Локалната  сеуште бара соодветни кадри за раководни позиции.

 |  Валентина Неловска  | 
општина

општинаСамо едно лице ги задоволило строгите критериуми на градоначалникот Бакрачески при изборот за раководни  позиции во општината. Кандидатите кои се пријавиле на огласот објавен минатата година, во септември, не ги исполниле во целост очекувањата на Градоначалникот. Бакрачески, тогаш, најави дека преку оглас за пројавување на интерес ќе се ангажираат компетентни и високо мотивирани кандидати на повеќе раководни позиции кои се во надлежност на Општина Охрид.  При тоа  беше потенцирано дека сите пријавени кандидати ќе имаат еднакви шанси, а ангажирани ќе бидат само најспособните и најсоодветните кандидати за позицијата за која аплицираат. Дејан Паноски советник од редовите на Вмро Дпмне прашува како поминал распишаниот конкурс за пројавување  интерес за раководни кадри.

општина„ До каде е постапката и дали некој од тие раководни кадри ги имаме или не бил покажан доволен интерес за работа  и раководни места во ЛС  затоа што секаде има луѓе кои  не се задоволни од раководните кадри  и од начинот на раководење, а има и луѓе кои се задоволни, но да знаеме што точно се случи со тој оглас“, праша Паноски.

Градоначалникот Бакрачески кажа дека овој оглас бил оглас за пројавување интерес, а не оглас за вработување. Имал  цел да им се даде можност на што поголем број способни луѓе да ги покажат своите квалификации.

„ Мора да кажам дека не ги даде нашите очекувани резултатите до сега по тој оглас од пред неколку месеци е ангажирано само едно лице и неговата работа е сеуште на иследување. Се работи за оглас за пројавување интерес за кој ние немаме законска обврска работно да ангажираме лица единствено наша обврска е да спроведува конкурс за одредени и неодредени вработување согласно законот за државна админстрација“, напомена Бакрачески.

Во наредниот период Бакрачески најавува нов оглас. Повторно ќе се обидеме да најдеме релеванти кадри кои ќе ги задоволат  барањата и одговорност на Локалната самоуправа, рече Бакрачески. Додава дека ќе се чека да помине систематизацијата за Локалната самоупрва и одобрувањето на Министерството за информатичко општество и Државната админстарција.