Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола
Ова лето барем засега нема некои поголеми отстапувања и нарушувања на законот и правилата за пловидба. Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола. Од охридската капетанија велат доколку граѓаните забележат некакво нарушување веднаш да пријават кај нив. За прекршителите следуваат санкции.
Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола. Од охридската капетанија велат дека досега не се регистрирани некои поголеми отстапувања и нарушувања на законот и правилата за пловидба. Помал проблем преставуваат некои несовесни глисерџии кои доаѓаат блиску до брегот, но и со нив се справуваме, вели капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски. Овааа сезона барем на охридскиот дел од езерото нема проблем со скутерџиите. Повеќе прекршоци се прават на струшкото крајбрежје. Дојава за ваков прекршок стигна и денес по што екипа од Охрид замина за Струга да направи увид врз ситуацијата. Заедно со Министерството за внатрешни работи редовно се прават и контроли за алкохолизираност на учесниците во внатрешна пловидба.
Засега ситуацијата е таква што нема потреба од некакви понатамошни интервенции бидејќи сите контроли покажале дека нивото на алкохол кај контролираните лица биле во границите на дозволеното, вели капетанот Устијаноски.
Во охридската капетанија досега се регистрирани 1630 пловни објекти на ниво на РМ. Само по Охридското езеро пловат повеќе од 600. Летово се пријавени дваесет странски пловила. Се очекува во наредниот период оваа бројка да се зголеми. Устијаноски апелира до сите нив да ги почитуваат правилата за пловидба. Особено кајчарите кои могу често знаат недозволено да вршат претовар и растовар на патници на самите плажи што е строго забрането. Пред неколку дена ваков случај имаше на плажата Сараиште на што до нашата телевизија реагираа дел од капачите кои во тој момент се затекнале таму.
Ако граѓаните повторно забележат ваква појава веднаш да пријават во охридската капетанија по што нашите инспектори ќе излезат на терен и на прекршителите ќе им изречат соодветни санкции, кажува капетанот.
Од вечерва започнуваат и ноќните крстарења со брод по езерото. Капетан Устијаноски вели дека петте бродови кои сообраќаат по езерото се исконтролирани и дека сите се во добра состојба и ги имаат запазено законските одредби за безбеден сообраќај. Во тек е поставувањето на сообраќајни знаци и пловки со што во уште поголема мера ќе се регулира водениот сообраќај на Охридското езеро.
{loadposition content9}