Skip to main content

Кинези на аукција купија аердором во Шпанија за 10.000 евра

Аеродромот има капацитет за пет милиони патници

 |  инфодеск  | 

Кинеската групација Tzanеen International би можела за 10.000 евра да го превземе банкротираниот аеродром во градот Ciudad Real, оддалечен 200 километри од Мадрид, на чие наддавање се појавила само таа компанија.
На аукцијата не била одредена почетната цена па Кинезите понудиле само 10.000 евра, а таму сакаат да изградат свој логистички центар за кинеска роба.
Аеродромот во средишна Шпанија од кои полетувале и слетувале авиони на нискобуџетните Ryanair, Vueling, Air Berlin и Air Nostrum е затворен пред три години. Вредноста на тамошната инфраструктура е проценета на 40 милиони евра па ако до средината на септември никој не понуди износ од минимални 28 милиони евра, тој оди во рацете на кинеската групација за само 10.000 евра.
Станува збор за приватен аеродром во Шпанија кој е отворен кон крајот на 2008 година, но по една година прогласува стечај и е затворен во пролетта 2012 година. Тој има капацитет за 5 милиони патници годишно и писта долга 4 километри.
Tzaneеn напоменува дека Ciudad Real сака да го направи европска врата за кинеските компании и дека во покренување на инфраструктурата ќе бидат вложени помеѓу 60 и 100 милиони евра.
Минатата година за аеродромот е истакната цена од 100 милиони евра, а кога не се појавил никој таа е спуштена на 80 милиони. Повторно никој не се појавил како заинтересиран па цената е преполовена на 40 милиони евра.
Бидејќи на аукцијата никој друг не се пријавил, а воедно не била нагласена почетната цена, кинескиот Tzannen би можело да се случи да го превземе аеродромот за само 10.000 евра.