Skip to main content

Узурпирала простор, го издавала како паркинг, заработила кривична

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности “, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.К.В. (44) од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности “, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.К.В. (44) од Охрид.

Пријавената, од почетокот на годинава, со незаконски дејствија  узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот-земјиште сопственост на Република Македонија.

Тоа го направила со намера за владение на недвижниот државен имот лоциран покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан веднаш до нејзината парцела а со цел да го употреби за лична корист.

В.К.К. на узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда а потоа со насипување песок овозможила пристап од магистралниот пат до целокупниот имот по што започнала да го изнајмува како паркинг простор.