Бекатонските крпеници се заменуваат со асфалт
Почна акцијата за санирање на ударните дупките низ охридските улици. Покрај што ќе се асфалтираат оштетувањата на коловозите, со асфалт ќе бидат заменети и привремените бекатонски крпеници, кои подолг период Локалната сампоуправа на Охрид ги користеше како единствено решение. Санацијата на ударните дупки треба да биде готова за три дена.
Конечно бекатонските крпеници на дупките низ локалните улици во Охрид, се заменуваат со асфалт. И покрај укажувањата на експертите дека потоплнивањето на дупките со бекатон е опасно по безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Локалната самоуправа на Охрид речиси цела 2014 и половина од 2015 година ја применуваа оваа пракса. Како што нагласи, портпаролот на секоторот за комунални услуги улици и патишта Љупчо Танески, деновиве ќе биде надминат и тој проблем.
„Со денешната и утрешната акција, најпрво ќе бидат асфалтирани површини што беа покриени со привремени бекатон плочки а подоцна ќе се пристапи кон ударните дупки кои не беа закрпени со бекатон плочки“ – вели Танески.
Санацијата на дупките се изведува во отежнати услови за работа, поради топлото време. Танески вели дека тоа го имаат во предвид, но нагласи дека работата мора да се заврши, бидејќи во екот на туристичката сезона не е добро туристите да гледаат раскопани улици.
„Согласно препораките на здравствените установи, физичките работници кои се на терен, но и надзорните органи ги избегнуваат ударните горештини прават чести паузи, меѓутоа ова е работа која не трпи и бекатон плочките треба бидат заменети, па затоа се одлучивме оваа акција да биде брза и во периот од 2-3 дена да бидат заменети сите оние површини со бекатон плочки со асфалт како што доликува и треба“ – изјави Танески.
На прашањето дали праксата на крпење ударни дупки со бекатон плочки ќе продолжи и во иднина, Танески со одговор.
„Не сме размислувале меѓутоа наша интенција ударните дупки да се крпат со асфалт“
Инаку во рамките на активностите за санација и асфалтирање на дупки влегуваат делови од булеварот „Туристичка“ потоа улиците „7ми Ноември“, „Ристо Чадо“, „Марко Нестороски“, „Марко Цепенков“ како и помали улички кои гравитираат во нивните околини. Тоа го изведува кичевската фирма „АС Сењак, економскиот оператор кој го доби тендерот за крпење на ударни дупки и асфалтирање на тесни улици и сокаци.
{loadposition content9}