Skip to main content

Најчеста грешка на возачите кои ја прават со клима уредот во автомобилот

Клима уредот помага, но треба да се знае како правилно да се употребува

 |  инфодеск  | 

 

Големите горештини знаат да бидат вистинска неприлика при возење на автомобил, а најмногу при долгите патувања на море. Клима уредите помагаат, но треба да се знае како правилно да се искористат на најдобар можен начин.

Angel Suarez, инженер во техничкиот центар на Seat, објаснува дека една од најголемите грешки која возачите ја прават е тоа што не го проветруваат возилото пред да ја вклучат климата.
“Ако ги отвориме прозорците околу 30 секунди пред вклучувањето на климата, првиот удар на горештината ќе се распрска сам од себе”, објаснува Suarez.

Тој исто така препорачува автоматско користење на клима уредот за да разладениот воздух рамномерно се распореди во возилото, а советува температурата да не се поставува под 21 степен за потрошувачката на гориво да не се зголемува.

Suarez предупредува и дека високите температури можат негативно да влијаат на возачките способности.
“Кога температурата во автомобилот е 35 степени, возачот реагира 20% поспоро отколку кога е 25 степени. Тој ризик е еднаков на возење со 0,5 промили алкохол во крвта”, вели Suarez.