Skip to main content

Англичани и швајцарци од аеродром до градов се возат со двокатниот панорамски автобус

ЈП „Билјанини извори“ склучи договотр со ТАВ Македонија за превезување на гостите од Англија и Базел кои ќе слетаат на аеродромот Св. Апостол Павле. Интерес кај гостите има па до сега се реализирани неколку тури.

 |  Јаковлева Лионела  | 
avtobus

 

Најзаинтересирани за разглед на убавините на Охрид со двокатниот панорамски автобус се холанѓаните. Поаѓаат од градскиот плоштад а турата не е прецизирана, се плаќа по 80 ден. од километар. Автобусот го користат и странците кои доаѓаат во Охрид со новите дирекни авионски линииза превоз од аеродромот Св. Апостол Павле до градот.  Од неодамна ЈП „Билјанини извори“ склучи договотр со ТАВ Македонија за превезување на гостите со панорамскиот автобус  во среда и недела кога на аеродромот пристигнуваат гости од Лондон и Базел.

Со овој договор ние се надеваме дека на некој начин ќе го подобриме квалитетот на услугите кон странските гости, а и ќе им дадеме и една нова можност уште при првото влегување во градов да имаат еден разглед и тоа со двокатниот автобус, вели Ристе Мише- директорот на ЈП „Билјанини извори“.

Странците со двокатниот панорамски автобус ќе можат да се возат кога ќе пристигнат на аеродром, но и кога ќе си заминуваат од градов, објаснува Мише. Тој вели дека до сега се реализирани неколку тури и дека интерес кај гостите има. Цената на билетот во еден правец изнесува 200 ден.

На овај начин ќе ја подобриме и економската ситуација во претпријатието бидејќи сите знаат во каква состојба се наоѓа. Сe трудиме да изнаоѓаме нови начини за прилив на пари во нашата каса, вели директорот на „Билјанини извори“.

Инаку, двокатниот панорамски автобус се користи и од страна на ТА „Охрид холидејс“. Оваа агенција гостите ги превезува од Охрид до Пештани и обратно. Со панорамскиот автобус се возат и туристи кои во градов дошле во сопствена режија.

{loadposition content9}