Skip to main content

Високите температури ја редуцираа работата на терен

Од Јавните претпријатија во градов велат дека ги  реорганизирале работните активности на градежните работници кои работат на отворено. Оваа владина препорака ја почитуват и дел од приватните градежни фирми кои функционираат во градов.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Охрид летово интензивно се гради. Но деновиве  кога живата во термометрите на сонце се искачува и до 40тиот степен целзиусов градежните работи на отворено се извршуваат со намален интензитет. Владата по предлог од Министерството за здравство донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години која ќе важи до 28ми јули. Во овој период, се препорачува работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот. Јавните претпријатиа при локалната самоуправа генерално ги почитуваат препораките на Владата на РМ. Од ЈП Нискоградба велат дека нивните екипи во овај период работат на три локаци во градов и тоа на улица Бистрица, на улица Питу Гули каде прават приклучоци на канализационата мрежа и во село Лескоец каде поставуваат фекална канализација. Директорот Сашо Донев потенцира дека работата мора да се заврши во предвидениот рок, но дека пред се им е важно здравјето на вработените.


Ние ги почитуваме препораките на Владата. Работите на терен се извршуваат од раните утрински часови. Започнуват во пет часот и завршуваат до 12. Лицата кои се хронично болни и повозрасни од 60 години и бремените жени ги ослободивме од работни обврски. Администрацијата работи со нормално работно време, вели Донев.

И од ЈП Градски гробишта објаснуваат дека работите на терен течат со предвидената динамика, но додаваат дека е направено поместување во работното време. Теренските работници започнуваат еден час порано и завршуваат најдоцна до 13 часот. Моментално работат на поплочување на малиот плоштад кај музичкото училиште. И работниците од МЈП Проаква работат со скратено работно време. Теренските работници започнуваат со своите обврски уште во пет чадот наутро, а завршуваат до 12 часот. Исклучок се прави само доколку некаде се појави дефект и мора итно да се интервенира. Препораките од владата за време на топлотен бран или алертна жолта фаза не се обврзувачки. Трудовата инспекција не може да изрече казни за оние кои нема да ја почитуваат се додека не се прогласи портокалова фаза. Дел од градежните фирми кои работат во охридско струшкиот регион , кои ги контактиравме, велат дека внимаваат работите кои се одвиваат на отворено да се изведуваат најкасно до 12 часот и попладне после 17часот. Граѓаните додека траат горештините  имаат можност да добијат здравствен совет и превентивни препораки за заштита од високи температури на пунктот на  малиот плоштад Крушевска република. Секој ден од 18.30 до 21.30 часот, екипи од брзата помош вршат прегледи и дават совети како граѓаните да се заштитата од горештините. Во текот на еден ден имало од 80 до 110 прегледи, информираат од таму.

{loadposition content9}