„Kepler 452b“, братот близнак на планетата земја
Астрономите открија планета за која што велат дека е „најблискиот близнак на Земјата“ кој е некогаш виден, но нејзините денови можеби се веќе избројани.
Астрономите открија планета за која што велат дека е „најблискиот близнак на Земјата“ кој е некогаш виден, но нејзините денови можеби се веќе избројани.
Наречена е Кеплер-452б, и планетата е најмалиот откриен свет кој орбитира во погодна зона за живот на ѕвезда, пренесува DailyMail. Она што го прави овој свет извонреден е тоа дека орбитира околу своја ѕвезда на приближно исто растојание на кое Земјата орбитира околу Сонцето. Плус, нејзината матична ѕвезда се чини дека е слична на нашето Сонце. Впечаток на уметник на екстрасоларна планета Кеплер-452б, која НАСА вели дека е веројатно карпеста, исто како Земјата. Планетата налик Земјата има „значителна можност“ за живот, вели НАСА, додавајќи дека ако растенијата се префрлат таму, тие најверојатно ќе опстанат.
Планетата е 60 проценти поголема од Земјата, и се наоѓа околу 1,400 светлосни години од нас во соѕвездието Лебед (Cygnus). Визуелена компарација на Земјата (десно) и Кеплер-452б, која е 60 проценти поголема.
Нејзиното откритие ќе го зголеми бројот на потврдени планети на 1,030. Таа е „најблискиот близнак на Земјата, или Земја 2.0 која ја имаме најдено досега во базата на податоци“, вели Џон Грансилд, помошник раководител на мисијата Дирекција на наука на НАСА. Кеплер-452б е поголема од Земјата, но нејзината орбита од 385 дена е само 5 отсто подолга.
Ова е големината и обемот на системот Кеплер-452 со системот Кеплер-186 во споредба на Сончевиот систем. Таа се наоѓа во нешто што е познато како погодна зона за живот – или Голдилокс зона – област околу ѕвезда каде има базени вода на површина на планета која орбитира. Таа е, исто така, 5 проценти подалеку од својата матична ѕвезда Кеплер-542 отколку што е Земјата оддалечена од Сонцето.
„Ова е толку фасцинантно бидејќи Кеплер-452б добива ист вид на спектар и интензитет на светлина, како што добиваме на Земјата“, вели д-р Даниел Браун, експерт за астрономија на универзитетот Нотингам Трент.
„Ова значи дека растенијата од нашата планета може да растат таму ако бешее карпесто и имаше атмосфера. Дури можете да добиете здрав тен како тука на одмор. Доаѓањето до пристап до нашата најслична планета може да потрае, сепак таа е 1,400 светлосни години оддалечена од нас“.
Кеплер-452 е 6 милијарди години старо, 1.5 милијарди години постаро од нашето Сонце, има иста температура, и е 20 проценти посветло и има 10 проценти поголем дијаметар.
Иако нејзината маса и состав сè уште не се познати, претходните истражувања покажуваат дека кај планетите со големина на Кеплер-452б постои добра шанса да бидат карпести.
Покрај потврдувањето на Кеплер-452б, тимот Кеплер го зголеми бројот на нови егзопланети кандидати на 521 од нивната анализа на набљудувања спроведени од мај 2009 до мај 2013 година, зголемувајќи го бројот на планети кандидати од страна на мисијата Кеплер на 4,696.
Дванаесет од новите планети кандидати имаат дијаметар 1-2 поголем од оној на Земјата, а орбитираат во зона погодна за живот околу нивната ѕвезда.
„Ова на астрономите им дава статистички звук на популација на планети кандидати за точно да се утврди бројот на мали, веројатно карпести планети како Земјата во нашата Млечен пат галаксија“, вели Џеф Коглин.