Skip to main content

“Дневникот на лудиот“-претстава за шизофренијата на општеството

Претставата „Дневникот на лудиот“ работена според делото на Гогољ е претстава која го доведува во прашање целиот свет во којшто личноста се обидува да го открие својот идентитет и општествен статус.

 |  Мишел Наумоски  | 
pretstava oh.leto

Конфликтот во секој човек, поделеноста, шизофренијата ова се клучните прашања на кои ќе се обиде да даде одговор претставата на битолскиот подвижен музички театар „Дневникот на лудиот“. Режисерот на претставата и основач на Подвижниот музички театар, Марјан Неќак вели дека идејата била да се направи нешто ново и несекојдневно. Според Неќак, претставата е актуелна и се претставува на еден специфичен аудио и визуелен начин.

dnevnikot na ludiot„Дневникот на лудиот“ е еден текст кој е многу провокативен кој иако е напишан пред 200 и нешто години е ужасно актуелен. Гогољ со тој текст сака на некој начин да не разбуди од сонот од кој сите сме заслепени во денешното живеење, и проблемите околу социјалниот момент, трката во која живееме. Претставата се игра и пее на англиски и шпански јазик, има титл и на македонски јазик, од една причина затоа што проблемот е глобален, на тој начин сакаме да доприме до секоја публика,за тие што нема да можат да го дешифрираат ќе можат да го почувствуваат, а другот на титл да го прочитаат.“-вели режисерот Марјан Неќак.

dnevnikot na ludiotПретставата ја работевме на далечина, вели видео Марин Лукановиќ. Тој го изработил видеото кое во самата претстава претставува еден вид партнер на единствениот актер кој се наоѓа на сцената.

„Таа шизофренија се обидовме да ја покажеме и со видеото, не само со актерот туку и му помогнавме малку со тоа видео, со таа кутија со која разговара, понекогаш тоа е тој, понекогаш е некој друг, некое куче, и тоа кршење на неговата личност се обидовме да го прикажеме и преку тоа видео кое е интергирано во претставата и дури и на моменти и баш не се разбира што се случува.“-рече Марин Лукановиќ, видео дизајнер.

Претставата „Дневникот на лудиот“ работена според текстот на Николај Васиљевич Гогољ ќе се случува утревечер со почеток од 21 часот на сцената во дворот на училиштето „Св.Климент Охридски“.