Skip to main content

На Охридско лето ќе бидат прикажани три филмови со актерот Емил Рубен

На Охридско лето ќе бидат прикажани  три  филмови со актерот  Емил Рубен .

 |  Валентина Неловска  | 
emil ruben

emil rubenСе одбележуваат 6 децении од филмското и театарското  творештво на македонскиот актер Емил Рубен. Во рамките на Охридско лето  едновечерен филмски маратон е посветен на неговото  творештво.    „ Малиот човек“, „ Истрел“  и „ Трето полувреме “ се трите избрани филмски наслови  во кои игра доајенот на македонското филмско и театарско глумиште. Станува збор за прикажување на 3 различни периоди во филмското творештво  на Емил Рубен. За прв пат на филсмското палтно Рубен се појавува на 6 годишна возраст во филмот„Тие двајцата“ во режија на Жорж Скригинг, во кој филмскиот татко го играл бардот на југ глумиште Миливое Живановиќ. Следувале и други  филмски улоги,  страста кон оваа уметност се засилила во средношколските денови, за да трае до денес.

емил „ Се случи по некој повод да влезам во театарот да се заразам и преку тетарот да се бавам со актерство. Завршив студии во Загреб, и веднаш почнав да се бавам со филм. Во филмот „Истрел“, кој  вечерва е на програмата,   игарм  улоги  во театарот и на филмот еве се до моето пензионирање, а и потоа“, нагласува актерот Рубен.

За македонската кинематографија  отстапувањето на простор во рамките на една манифестација како што е Охридско лето е потврда за македонското  културно наследство. Мими Ѓорѓевска Илиовска , директор на Македонск Кинематогарфија вели дека денес се одбележува значаен јубилеј.

„ Кинотека се обидува секогаш да биде присутна и надвор од Скопје , низ Македонија на значајни културни манифестации. Присуството на Охридско лето каде што има културна понуда е значајна за нас како институција и авторите кои придонеле за развој на Македонска кинематографија и македонскиот филм“, напоменува директорката.  

Значајно  е што филамската уметност од година во година станува дел од програмата на Охридско лето и се одбележуваат значајни јубилеји. Ѓорѓовска и Рубен се задоволни што покрај музиката и театарот во оваа значајна културна манифестација се слави и филмот.