Превенирај го хепатитот-од тебе зависи
„Превенирај го хепатитот: од тебе зависи“. Под ова мото годинава се одбележува 28 , јули, Светскиот ден за борба против хепатитис. Досега нема точни податоци за состојбата со ова заразно заболување за Струга и Охрид, но факт е дека хепатитисот има тенденција на пораст поради недоволна информираност за н чините на пренос и заштита. Навременото тестирање може да спаси живот, велат од здружението „Хепта“.
Сеуште во земјава нема, или оскудни се статистичките податоци за заболени од хепатитис. Досега во 2013 година дијагностициран е еден смртен случај од хепатитис Ц, во 2012, 2013 и 2014 по еден од хепатит Б, информираат од Асоцијацијата за здравствена едукација, превенција и подобар третман, Хепта. Во организација на општинската организација на Црвениот крст, а во партнерство со здружението „Хепта“, денес во Струга и Охрид со низа активности се одбележува 28 – јули Светскиот ден за борба против хепатитисот. Како што појасна Билјана Мирчевска од невладината ХЕПТА, во рамки на активностите организирале едукативни предавања за населението, се делеле флаери и едукативен материјал, а се вршле и бесплатни тестирања за навремено откривање на заболените од хепатитис.
„Донираме и театови во медицинските центри за брзо тестирање и откривање на хепатитот, затоа што единствен проблем кај општата популација е тоа што ненавремено се открива хепатитот и недоволно располагаат со информации кои им се потребни. Значи доколку навремено се отлрие може и да се лекува а во подоцнежните фази прогресира самата болест и доведува до смрт“ – нагласи Мирчевска.
Превенирањето и навременото тестирање и тоа како може да има влијание врз спречување на развојот на хепатитот Б и Ц, а со тоа може да се спаси живот, вели Мирчевска. Додава дека ризични се, групата на интравенски зависници, сексуалните работнички, лица кои се на хемодијализа и младите кои прават тетоважи и пирсови.
„Превенцијата е да не се делат свои лични работи со останатите, значи и да е член на семејство, независно, несвесно може да го пренесе доколку е хепатит Ц, затоа што самиот хепатит не предизвикува никакви симптоми, поминува со лесна главоболка како обична настинка. Значи не можеме да знаеме дали сме позитивни или не, доколку не се тестираме специфично. Апелирам до сите бидејќи има бесплатни брзи тестови тоа да го направат. Ц хепатитот се пренесува само преку крв во директоен допир а Б хепатитот се пренесува преку сите телесни течности“– вели Мирчевска.
Светскиот ден за борба против хепатитис 28 јули,од 2010 година стана официјален ден на СЗО, избран во чест на Проф Барух Блумберг, добитникот на Нобеловата награда за откривање на хепатитис Б вирусот.
{loadposition content9}