Урбанистичките проблеми најмногу им задаваат главоболки на охриѓани
Урбанистичките проблеми најмногу им задаваат главоболки на охриѓани.
Охриѓани како последна шанса за изгубената правда со институциите бараат правна помош од Народниот правобранител. Еден од граѓаните кои денес оставрија средба со заменик народниот правобранител во Охрид беше и Новица Митрески. Митрески од заменик на Народниот правобранител на РМ бараше правна помош за изгубен судски спор за сопственост врз нива во елитната населба Лагадин.
„ Ми ја одземаа приватници. Нивата постои на дедо ми , а ми ја одземаа. Јавив во инспекција му дадоа забрана, но направи викендичка. Сега ми велат не можиме ништо“,се жали Митрески.
Даут Селими, заменик на Народниот правобранител на РМ, информира дека на нивна адреса од охриѓани стигнуваат најразлични поплаки и жалби. Селими, наведува дека најбројни се поплаките од сферата на урбанизмот и градежништвото. Заменикот народен правобранител ги наведува институциите како што се катастар, правната служба за легализација на бесправно изградени објекти, непостапување по постапките на граѓаните за рушење на дивоградбите, постапки од правосудството, од извршителите кои им ги блокира сметките на граѓаните без да ги почитуваат законските услови, набројува Селими. Напоменува дека се задоволни од тоа како се решаваат случаите. Но, како најголеми проблеми при решавањето на предмети ги посочува оние кои треба да се преземат во одделението за урбанизам и градежништво при Локалната самоуправа Охрид.
„ Има повеќе претставки од повеќе обалсти, но по појавувањето на граѓаните постапките се решаваат. Имаме добра и голема соработка со правосудните органи, со катастар, но недостасува соработка со службата за извршување од ЛС, поради како што велат, нема доволно средства за распишување на тендер, промена на урбанистички план“, напоменува Селими.
Даут Селими , заменик Народниот правобранител на РМ укажува дека остануваат со нивните одлуки. Посочува дека во регионот каде што покрива канцеларијата најголем проблем им е охридскиот секторот за урбанизам каде што над 5 години не се решавале проблемите. Со јавна критика пред Собранието на РМ ќе бараат да се лоцира тој проблем и да се одезмат надлежностите на Локалната самоуправа и да се префрлат при Минситретвото за транспорт и врски доколку не се постапува по предметите.