„Премиер“ викенд
Манчестер Јунајтед им се оддалечи на екипите кои го следат на табелата во Премиер лигата и е на добар пат да освои уште една титула.
Ливерпул е домаќин на Манчестер Сити и судејќи според скорот на „граѓаните” на гости „црвените” се големи фаворити без оглед на фактот што пред својата публика оваа сезона не ги прикажуваат очекуваните партии.
Дербито на колото сепак е дуелот меѓу Астон Вила и Челзи. И додека тимот од Бирмингем може да биде презадоволен од досега стореното, гостите од Лондон немаат баш премногу причини за славење, но победа на „Вила Парк” би можела значително да им го поправи расположението и самодовербата.
Од останатите дуели во ова коло вредат да се издвојат гостувањето на Евертон на „Сент Џејмс Парк”, потоа дуелот на Арсенал со Сандерленд, кој директно ќе биде емитуван во 16:00 часот во сабота. Интересно за овој дуел е тоа што тренерот на Арсенал, Венгер најави дека Аршавин ќе дебитира за тимот од Северен Лондон.
{loadposition content9}