Првиот натпревар од третото претколо на Европската лига помеѓу албанскиот Кукеши и варшавска Легија е прекинат на почетокот на второто полувреме поради инцидентот кои го предизвикаа навивачите на домашната екипа.
Иако навивачите на Кукеши и Легија се гаѓаа со камења за време и пред натпреварот, наводно има и потешко повредени, до прекинот дошло кога домашните навивачи со камен го погодија во глава играчот на Легија, Ондреј Дуда, откако Легија го постигна водечкиот гол за водство од 2-1.
Дуда падна покосен, изнесен е од теренот, но по лекарската интервенција сепак се крена на нозе и замина во соблекувалната. Главниот судија без двоумење го прекина натпреварот без можност за продолжување.
Натпреварот најверојатно ќе биде регистриран со 3-0 за Легија, а Кукеши го чека тешка казна од УЕФА.