Анхел Ди Марија долго ќе го памети вчерашниот ден кога беше казнет на брутален начин од страна на менаџерот и клубот поради недисциплина. Крилниот играч на Манчестер јунајтед е казнет со вртоглави 360.000 фунти (512.000 евра) поради недоаѓање на американската турнеја која веќе заврши за Црвените ѓаволи.
Веќе долго време се очекува Аргентинецот да го напушти Јунајтед и да замине во ПСЖ за околу 44 милини фунти, но и покрај таа ситуација недостатокот на професионалност кај екс играчот на Реал Мадрид ја преполни чашата кај менаџерот Луи Ван Гал. Холанѓанецот го најавуваше доаѓањето на Ди Мариа, меѓутоа од Аргентинецот ниту трага ниту глас. Кога новинарите го прашале дали знае каде воопшто се наоѓа Ди Мариа, Ван Гал безидејно гестикулирал со рамењата.
Се верува дека со овој потег на клубот, и претходно на Ди Мариа , е завршена соработката на двете страни и дека во следните 48 часа Аргентинецот ќе слета во Париз и ќе стави потпис на договорот со францускиот првак.
Во скоро ист период Јунајтед би можел да се засили со Шпанецот Педро, кој овој петок ги потврди гласините дека е на праг неговото заминување од Барселона.