Станковски, ВМРО-НП: На Охрид потребен му е Дом за млади
Објектите низ градов кои со децении се запуштени и пропаѓаат може да се пренаменат во корисни објекти. Советникот Јоне Станкоски од ВМРО – НП, излегува со предлог иницијатива до градскиот Совет на општина Охрид и до градоначалникот Никола Бакрачески за изградба на Младински културен центар, на местото каде што пропаѓа некогашниот објект на Македонската радио телевизија.
На Охрид повеќе од потребен му е Младински културен центар, или Дом за млади. Еден таков објект каде младите би одржувале културно- забавни настани, изложби, работилници слично за жал во нашата општина нема, констатира советникот на ВМРО – НП, Јоне Станкоски. Од тука, Станковски излегува со предлог иницијатива до Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески. Еден од руинираните објекти, кои се ругла во вистинска смисла на зборот, места каде преспиваат бездомниците но и собиралишта на наркозависници, кои се проблем за околината и градот, е и поранешната згарда на МРТВ.
„Оваа иницијатива сеуште не е дојдена до Совет со оглед дека станува збор за објектот на Македонската телевизија односно во сопственост на државата ќе дадеме предлог до градоначалникот да покрене иницијатива да го побара објектот од Владата на РМ дали во сопственост или во користење на Локалната самоуправа и да го уредиме како објект Дом на млади онаму каде што младите своите идеи или креативност би можеле да ја реализираат“ – вели Станковски.
Станковски вели дека младите охриѓани не ги забораваат ветувањата на сите досегашни татковци на градот, кои во својата предизборна кампања приоритет давале на изградба на вакви објекти. Тој смета дека сега е вистинското време да се реализира една ваква идеја на општо добро на сите млади во градов, кои години наназад го бараат тоа.
„Нормално потребна е поддршка од Централната Власт меѓутоа иницијативата да биде од страна на Локалната самоуправа, градоначалникот и Советот, треба да се седне да се разговара со МРТВ тоа е напуштен објект доколку МРТВ години наназад не го става во функција потребно е некој да го стави во функција и да не биде руина односно збиралиште на нарко зависници кои се проблем за околината“.
Станковски не се сеќава дека во Охрид некогаш постоел Дом за млади, но неговите размислувања се дека изградба на еден таков објект ќе биде од големо значење не само за младите туку и за градот. Додека пак, постарите жители на градот се сеќаваат на убавите времиња кога постоеле вакви објекти каде во вечерните часови се организирале матинеа и игранки, приредби а се прикажувале и филмови.
{loadposition content9}