Холандска брошура, туристички водич за Охрид
На холандските туристи не им е потребен туристички водич за Охрид. Тие се водат по брошурата изготвена од неколку холанѓани кои пред една година го посетиле градов и ги маркирале сите најзначајни места, локалитети и дуќани кои го задржале нивното внимание. Добрата промоција во странство и убаво спакуваната приказна за Охрид се рецептот по кој ќе имаме успешен туризам и економски бенефит, велат туризмолозите.
Холандска брошура, туристички водич за Охрид. Пред една година ANWB Media од Хаг издаде брошура во која се сконцентрирани убавините на Македонија и на Охрид како најпосетувана дестинација на гостите од Бенелукс. Во оваа мала книшка наведени се сите позначајни места, културно историски споменици и локалитети кои туристите треба да ги видат. Во неа меѓу другото се назначени единаесет дуќани во охридската чаршија кои холанѓаните при доаѓањето во градов задолжително треба да ги посетат. Тоа се продавници во кои сеуште може да се почуствува духот на онај Охрид кој уште во минатиот век бил магнет за холандските гости. Најгоре на листата е дуќанот на семејството Талеви во кој со децении на традиционален начин се прави надалеку познатиот охридски бисер. Климент Талев, сопственикот на оваа занетчиска работилница со нескриена благодарност кажа дека му преставува чест што меѓу избраните е и неговиот дуќан.
За мене до моментот на излегувањето на брошурата холанѓаните беа енигма. Иако со овај занает се занимавам со децении во мојот дуќан многу ретко влегуваа холандски туристи, а пак нешто да купат тоа беше речиси невозможно. Годините наназад имам продадено само неколку пара обертки,а бисер ниту еден. Откога излезе брошурата сето тоа се измени. Сега холандските гости не само што го посетуваат дуќанот туку и пазарат кај мене. Е тоа ти е кога нешто ќе биде добро промовирано, вели Талев.
Талев вели дека промоцијата во странство е најголема реклама за нив и дека само така може да се поттикнат странските гости кога ќе дојдат во Охрид покрај што ќе уживаат во неговите убавини и да остават некој динар во охридската чаршија. Покрај тоа што странците не рекламираат треба и самите добро да се преставиме во земјите од каде сакаме да привлечиме гости. Од секторот за ТЛЕР велат дека се свесни за големото значење на пропагандата за развојот на туризмот па затоа најголемиот дел од средствата прибрани од туристичка такса ги инвестираат во промоција на Охрид. Раководителот на овој сектор , Ѓоко Апостолов вели дека оние туроператори кои се занимават со ин каминг туризам и кои носат гости од земјите на Бенелукс промотивниот материјал ги распределуваат до нивните соработници, а тие го дистрибуираат до таргетираните групи.
Согласно договорот склучен со авиокомпанијата Визер, Охрид веќе е преставен во два магазини кои се наоѓаат во авионите на нивната компанија и се достапни за сите патници кои летаат со оваа компанија и кои можат да се информираат за Охрид како дестинација, вели Апостолов.
Раководителот на ТЛЕР кажува дека во иднина ќе направат и директна промоција на Охрид во земјите на Бенелукс како наредните лета гостите од таму би биле уште побројни, а со тоа освен хотелиерите и угостителите би имал економски бенефит целиот град.
{loadposition content9}