Новото чудо на Airbus
Компанијата „Ербас“ почна со реализација на еден од најзначајните проекти во областа на авионскиот сообраќај.
Компанијата „Ербас“ почна со реализација на еден од најзначајните проекти во областа на авионскиот сообраќај.
Оваа компанија патентираше модел на авион кој ќе патува со голема брзина. Патувањето од Европа до САД би можело да трае најмногу еден час. Колку за пример, сега летот од Лондон до Њујорк трае седум часа.Авионот ќе има турбоџет мотори, но и своевидни ракетни погони кои ќе му овозможат голема брзина.Патентот доби одобрение од надлежните служби на САД, четири години откако Ербас ја предаде документацијата.
Се очекува новиот авион да патува со двојно поголема брзина од легендарниот „Конкорд” кој можеше да се движи со брзина од 2.172 километри на час. Инаку последниот лет на „Конкорд” беше во 2003 година кога е повлечен од функција.