МВР против ИСИС
Во тек е голема антитерористичка акција на Министерството за внатрешни работи насочена против припадници на џихадистичката организација Исламска држава во земјава, како и против лица кои учествувале во врбување македонски државјани за учество во паравоени формации.

Се вршат претреси и апсења во неколку градови.
Досега во Скопје, eдинициte на МВР презедоа голема акција во населбите Гази Баба, Дижонска и Серава, како и во градовите но и воСтруга и во Куманово, каде се приведени неколку лица, а се уште траат претреси во објекти и во Гостивар и на други места. Влезено е и во придружни објекти на џамија во Скопје, која подолг период наназад беше надвор од контрола на Исламска верска заедница.
Акцијата била преземена за пронаоѓање на учесници во војните во Сирија и Ирак. Полицијата извршила претрес и во џамиите Тутунсуз и Јаја Паша, за кои добила информации од ИВЗ дека не се контролирани од таа верска институција. Според првичните информации во акцијата е приведен имамот на џамиите Тутунсуз и Јаја Паша, Реџеп Мемиши.
Министерството за внатрешни работи најави повеќе информации во текот на денот.