Skip to main content

Големи промени на работењето на Coca-Cola во Европа

“Тоа е голем чекор и голема трансакција од која корист ќе имаат сите”

 |  инфодеск  | 

Три европски фабрики за полнење на Coca-Cola договориле спојување поради намалување на трошоците во услови кога е намалена потрошувачката на газирани пијалоци, соопштено е од компанијата.
Така, Coca-Cola Enterpises (CCE) ќе се спои со германската филијала (CCEAG) и Coca-Cola Iberian Partners (CCIP) и компанијата ќе се вика Coca-Cola European Partners (CCEP), а годишно ќе генерира околу 12,6 милијарди долари приход. Се очекува дека со спојувањето трошоците ќе се намалат за околу 375 милиони долари во рок од три години.
Договорот е структуиран како даночна инверзија, па така CCE ќе го пресели своето седиште од Атланта во Лондон, а тоа пак ќе ја намали изложеноста на поголемите даноци во Америка.
“Тоа е голем чекор и голема трансакција од која корист ќе имаат сите кои се вклучени”, рекол извршниот директор на Coca-Cola Muhtar Kent.
Акционерите на CCE ќе поседуваат 48% од новата компанија, додека CCIP ќе има 34%, а Coca-Cola Co. 18%.
Воедно овој најголем производител на безалкохолни пијалоци ја намали и големината на своите шишиња во кои го полни популарниот пијалок бидејќи потрошувачите трошат сè помалку газирани пијалоци