Компанијата Microsoft е релативно нов играч во индустријата за наградување за пронаоѓање грешки, но и во ова подрачје добро се снаоѓа.
Имено, минатата седмица објавена е надоградба на оригиналната програма и наградата за оние кои ќе пронајдат безбедносен проблем во софтверот на Microsoft наградата е зголемена двојно и сега изнесува 100.000 долари.
Со други зборови, тоа е износот кои може да се добие ако се пронајде грешка во апликациите на Microsoft квалификувани за Bounty for Defence категоријата, пишува Softpedia.
Microsoft истовремено нуди бонус за пронаоѓање на ранливост кај системот за аутентикација кој исто така е двојно зголемен за било каков проблем кој ќе се открие.
Компанијата не наведува што всушност треба да се направи за да се освои оваа награда, но напоменала дека потребно е да се докажат 1337 вештини, што воопшто не е лесна задача.