Skip to main content

Патувачко кино во Дебрца

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ со проектот патувачкото кино, од 10-ти до 22 август ќе се одржува во Општина Дебрца, Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

logoФестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ со проектот патувачкото кино, од 10-ти до 22 август ќе се одржува во Општина Дебрца, Охрид.

Целта е непосредно да се влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да се овозможат кино проекции во мали и рурални места. Ќе се прикажуваат кино проекции во Волино, Белчишта, Издеглавје, Мешеишта, Слатино, Ботун, Злести, Оровник, Лешани и Велмеј.

„МакеДокс“ шеста година по ред со своето патувачко кино ги посетува подзаборавените региони во Македонија.