Skip to main content

Расказот „Мојата куќа во Крст џамија“ победник на конкурсот „ Живко Чинго“

 Расказот „Мојата куќа во  Крст џамија“ победник на  конкурсот  „ Живко Чинго“.

 |  Валентина Неловска  | 
z cingo

Годинешната награда Живко Чинго  оди во рацете на авторот за расказот  „Мојата куќа во  Крст џамија“ под шифра Куќа. Вака одлучи стручното жири, во состав од охридските книжевници, Смиле Наумоски, Милчо Јованоски и Тоде Илиески . До членовите на Комсијата за избор на најдобар расказ  пристигнале 73 наслови. Тие имале тешка и одговорна задача од пристигнатите раскази да го изберат најдобриот, па во потесен избор селектирале 5 раскази, информира  книжевникот Смиле Наумоски. Претседателот на комисијата Смилевски појаснува дека расказот „Мојата куќа во  Крст џамија“ се чита во еден  здив.

расзказ„Од петте најдобри го избравме оној кој се издигна над  другите раскази со една прекрасна композиција како структура на расказ и уметнички израз. Имаше  доволно  слики  за да биде рационален , но на еден експресивен начин да го пренесе она што сакаше да го пренесе до читателите“, подвлече Наумоски.

жири Милчо Јованоски, додава дека при изборот постапиле професионално. Не дозволиле ниеден расказ да остане непрочитан. Јованоски вели секој труд треба да се испочитува и вреднува незвисно дали е промашена темата  или на средината на текстот авторот заскитал. Наше беше да издржиме до крај и  да избреме расказ кој ќе означи вонвременска димензија, кажува Јованоски.


„ Според она што можевме да го видиме од обработените теми , пристигнатите раскази беа со различни теми. Пред се доминираа теми од животот и секојдневието, теми од минатото и историјата. Се трудевме да избереме уметнички расказ кој ќе има уметнички вредности , кој ќе е стилски издржан  и во себе ќе има пораки и метафори,“ кажува Јованоски.  
 
Тоде Илиески напомена дека општеството треба да најде форма како да се стимулираат авторите кои во овие кризни времиња  се обидуваат да пишуваат. Стручното жири и годинава препорачува најдобрите раскази да бидат објавени во една книга.   Авторот на најдобриот расказ „Мојата куќа во  Крст џамија“ под жифра Куќа на конкурсот Живко Чинго за 2015 наградата ќе ја прими на 13 август. Годинава на овој датум се одбележуваат 8 децении од раѓањето на големиот  охридски писател Живко Чинго.  Локалната самоуправа која го распишува  наградниот конкурс доделува парична награда од 30.000 денари за најдобриот расказ.