Шпанските екипи Барселона (освојувач во Лигата на шампионите) и Севиља (победник на Лига Европа), вечерва во Тбилиси го играат Супер купот на УЕФА.
Барселона досега два пати го освоила суперкупот во овој формат на натпреварување (во 2009 и во 2011 година), додека во 2006 токму од Севилја беше поразена со 3-0. Претходно Барса во 1992 и 1997 во тогашниот систем на натпреварување триумфираше во Суперкупот.
Ова се воедно двата тима што имаат освоено најмногу пехари во еврокуповите во последните десет години. Барселона има четири титули во ЛШ (2006, 2009, 2011 и 2015), а Севиља четири пехари во Лига Европа (2006, 2007, 2014 и 2015).
Во екипата на Барселона ќе го нема Нејмар и се очекува стартер да биде Педро, додека кај Севиља од ланскиот состав ќе недоставуваат Алекс Видал, Стефан Мбиа и Карлос Бака, кои си заминаа од клубот.
Натпреварот се игра на стадионот „Борис Паичадзе“, а почетокот е во 20:45 часот.