Во мрак повеќе охридски градски и приградски улици
Во мрак повеќе охридски градски и приградски улици.
Уличното осветлување затајува во неклку градски и пригардски населби.Жители од улиците Дејан Војвода, Карпош Војвода, Подмоље, Елешец, Долно Лакочереј и Лагадин се жалат на мрак во нивните населби. Поплаки и барања за интервенција за поправка на уличното осветлување стигнале и до Секторот за комунален развој и сообраќај. Од таму уверуваат дека екипи од нивното одделение и од јавното приватно партнерство се веќе на терен и работат на одстранување на проблемите.
„ Станува збор за дефекти со напојувањето и со дотур на електрична енергија.Но и за тековни работни активности, менување сијалици на улиците кои се под наша ингеренција. На терен сме менуваме и сервисираме“, потенцира Танески.
Проблеми има несекаде, интервенираме на дојава од граѓани но и при детекција на проблеми од нашите екипи, кажува Танески. Додава дека не биле забележани или пријавени поголеми дефекти и темни улици во централното градско подрачје и стар град. Од ова одделние ветуваат дека жителите од посочените учлици и населби наскоро ќе добијат улично светло.
„ Во тек на оваа работна недела ќе бидат сервисирани сите посочени улици и места. Динамиката на менување е 15 до 20 сијалици дневно, но не секогаш станува збор за таков вид на проблеми. Може да се јават и поголеми дефекти, па на една локација екипите да работат и ден-два. Активностите за сервисирање на проблемите зависат и од временските услови “, напоменува Танески.
Засега немаат сондажа од терен дали потфрлувањето во уличното осветлување се должи на прегорени светилки или дефекти при напојувањето. Но, кажуваат дека до секторот за комунален развој и сообраќ од Месните и урбаните заедници пристиганле над 100 барања за поставување на нови сијалични места. Одделението ги разгледува сериозно барањата и прави Акционен план за отварање на нови улични мрежи , кажува Танески.