Киров: На балканот се се решава во “5 до 12“
Апстрактна, енергична, полна со емоции и бои, со овие зборови македонскиот кореограф со меѓинародна кариера Игор Киров ја опишува својата балетска претстава 5 до 12 која вечерва ќе се игра на охридско лето. Киров ја тематизира навиката на Балканот се да се решава во последен момент во 5 до 12 а понекогаш и во 5 по 12. И тоа онака како што судбината ќе ни ги фрли коцките. Балетот е поделен на 12 сцени со 12 танчери кои ги прикажуваат сите периоди во човечкиот живот од раѓањето до смртта.
Новата игра на животот, преку балетската претстава “5 до 12“, вечерва на Охридско лето. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл при ХНК со балетската претстава “5 до 12” во кореографија на Игор Киров и музика на Кирил Џајковски, ќе гостува во Охрид, на сцената на Долни Сарај во 21 ч. Костимите се на Александар Ношпал. Музичкиот селектор проф. Гордана Јосифова Неделковска, нагласи дека станува збор за атрактивно балетско дело, кое привлече голем интерес кај фестивалската публика, барем според побаувачката на билети.
„Ако минатата година имавме прекрасно доживување после балетот „14 часа“ и ако ова балетско дело изворедно ја претставуваше Македонија на сцената во Виена, Рим и Париз, а од септември веќе трета сезона е на редовниот репертоар на македонската опера и балет, повеќе од сигурно е дека тимот кој што стоеше зад оваа претстава е квалитетен“ – изјави Неделковска.
Корените на соработката меѓу Игор Киров со сплитскиот театар се од 2012 година, кога тој добил втора награда на фестивал во Белград, а во жирито бил директорот на Балет ХНК од Сплит, Динко Богданиќ.
„Првпат се случува еден македонски кореограф на современиот танц да учествува во Сплит и во Хрватска. Киров го проби мразот со работата која траеше седум недели и се работеше напорно. Моите играчи се класични играчи, но сакав тие да имаат едно фантастично современо движење кое е работено за нив”– рече Богданиќ.
Откако ги собра аплаузите во Сплит, младиот македонски кореограф Игор Киров вечерва дирекно на Охридско Лето. Киров кој зад себе има меѓународна кариера, на електронската музика на Кирил Џајков, осмислил претстава во која многу од работите се во облик на коцка, а зборува за балканскиот обичај за решавање на проблемите во последен момент.
„Живееме на балканот каде што работите секогаш се случуваат 5 до 12, живеејќи на запад каде што никогаш не се случуваат во 5 до 12, туку секогаш однапред е се подготвено така да дојдов до таа некоја си конструкција како 5 до 12, ние сме на балканот, а коцките секогаш се фрлаат точно тогаш. Кога коцката ќе се преврти тоа е точно што ние го добиваме, нашиот живот е една Кога коцката ќе се преврти тоа е точно што ние го добиваме, нашиот живот е една коцка кој што зависно како ќе се фрли така го живееме“– појаснува Киров.
Киров вели дека секогаш работи со одбрана екипа, со најдобрите. Музиката на Кирил Џајковски за него е посебна инспирација, музика во балкански етно стил препознатлив од Љубљана до Гевгелија. Додека пак соработката со Александар Ношпал им била посебно изразена, бидејќи се што зеднички осмислувале и го реализирале во делот на костимите, кои се менувале како што се менуваат коцките, од нашиот етно фолклор до стадиум на завршување на животот. Киров е навикнат на германски начин на работа и дисциплина. Неговата база е Дрезден, но пред да стигне таму завршил средно балетско училиште во Скопје, продолжил и на академијата во Ротердам и работел на многубројни странски сцени. Во Скопје се враќа да работи како кореограф или како предавач на академијата за танц, но предавал и на академиите на Ротердам, Минхен, Белград.
{loadposition content9}