Skip to main content

Хрватска и Србија мораат да соработуваат

Несогласувањето меѓу Србија и Хрватска е последица на хрватското признавање на Косово, оцени хрватскиот претседател Стипе Месиќ.

 |  Крсте Гoлабовски  | 
Stipe Mesic
Стипе Месич
Тој нагласи дека соработката на двете земји, која ќе „дојде на високо ниво“, е важна за интегрирањето на двете држави во ЕУ.

„Јас го сметам претседателот на Србија за свој пријател. Значи, тука не би имало никаква пречка за проширување на соработката. Но, Хрватска го призна Косово и тука дојде до одредено несогласување, изјави Месиќ во интервјуто кое РТС во целост ќе го емитува денеска.

Belgrad„Нашата соработка ќе продолжи, таа сигурно ќе се подобри, и ќе дојде на високо ниво. Ние сме во регион кој мора да се приклучи во Европа. За да се вклучиме, мораме да ги исполниме стандардите и условите, нагласи Месиќ, додавајќи дека на тој план двете земји „во меѓусебната соработка мора многу да направат“.

 

{loadposition content9}