Skip to main content

Десет показатели за веднаш да се прекине со јадење на глутен

Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, р’жот и јачменот

 |  инфодеск  | 

Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, р’жот и јачменот, а со него се поврзуваат повеќе од 50 болести и се проценува дека 99% од луѓето кои имаат интолеранција на глутен никогаш не се дијагностицирани.
Ова се десет показатели зошто треба да се прекине со јадење на глутен:
Проблеми со системот за варење како што се надуеност, гасови, дијареа и запек. Запекот е последица на конзумирање глутен и најчесто се јавува кај децата.
Кератосис пиларис – нафрлање на кожата на задната страна од рацете. Тоа е резултат на недостаток на масни киселини и витамин А, а тоа е пак резултат на лошата апсорпција во цревата до што доаѓа поради глутенот.
Чувство на замор по конзумирање на глутен.
Заболување од автоимуни болести како што се Хашимотов тироидис, реуматски артритис, лупус, склеродерма, мултипла склероза…
Чувство на нерамнотежа, вртоглавица и останати слични невролошки симптоми.
Хормонални пореметувања како што е интензивен ПМС, синдром на полицистични јајници и необјаснив стерилитет.
Редовни главоболки и мигрени.
Хронична слабост или фибромиалгија – особено ако докторот не може да ја открие причината.
Отоци и болки во прстите, колковите или колената.
Промени во однесувањето како депресија, анксиозност, чести и драстични промени на расположението како и пореметување на намалено внимание.