Фестивалот Охридско лето го затвaрa претставата „Figurae veneris historiae“
Фестивалот Охридско лето го затвaрa претставата „Figurae veneris historiae“.
„ Figurae veneris historiae“ е претствата со која вечерва се завршува 55-то издание на Охридско лето. Претставата ја донесуваат словенечките актери од Драма Љубљана на текст од македонскиот драмски писател Горан Стефаноски. Тема на текстот е Првата светска војна, каде што акцент во тој пеколен казан е ставен на потрагата по љубов, копнеж за топлина, нежен допир и човечки збор, напоменува авторот Стефаноски. Тој потсетува на опсесивната тема кај Шекспир за невзоможноста на љубовта во светот на политиката.
„ Не може да се сакаат луѓето кога има многу историја околу нив. Темата на пиесата е врзана со Првата Светска војна иликот на еден познат научник и сексолог Магнус Киршвалд тие теми за теророт на историјата, баналноста на злото кое секојдневно не притиска , голото преживување , емоционалнаат уцена на луѓето воопшто и госведува нашиот однос на вулгарно препукување , пцости, иам порнографија во историјата во масовните колежи, а на таа политичка порногарфија круна е војната,“ подвлекува Стефаноски.
Претставата „Figurae veneris historiae“ е во режија на познатиот македонски режисер Александар Попоски. Со Драма Љубљана, Попоски по 10 години е повторно на Охридско лето, и како што вели, со еден од најдобрите театарски ансамбли на Балканот. Претставата е приказна за човечките емоции .
„ Оваа претстава се занимава со Магнус , во виорот на војната ги собира емотивната делчиња од луѓето она што е не парви луѓе.Во суштина и ова апертсв а зборува за Првата Светска војна но н а пошироко поле“, вели Попоски.
Дарја Домингош, драматург на „ Figurae veneris historiae“ вели дека е привилегија да се работи на текстот на Стефаноски и не се работи секој ден таква материја. Дополнува дека сите улоги во претставата се еднакви нема големи и мали.
Во овој проект има оргинален пристап кон војнатат , но не војната на фронт битка туку е историја на едно човечко патење, интимен пристап на историјата Ние во драмски материјал можеме да го испробаме. Посено се зборува за човечката желба кој аникогаш не умира ни во наклошоото време на војната“, дополнува Домингош.
„ Figurae veneris historiae“ е претства каде што со малку зборови се кажува многу. Станува збор за тема која што покрај духовитоста има и тага и смеа. Љубителите на театарот претставата ќе можат да ја проследат вечерва на сцената на Долни сарај.