Пештани и Велгошти имаат потреба од гробни места
Пештани и Велгошти имаат потреба од гробни места.
Пештанци и велгоштани имаат заеднички проблем, двете месни заедници се соочуваат со недостиг на гробни места. Во Пештани овој проблем влече корени веќе подолго време. Жителите досега одржале 4 граѓански собири и на сите како проблем број еден го истакнале недостокот на гробни места, укажува Драган Тренески претседател на МЗ од Пештани.
„ Овој проблем е дефиниран и тоа решавање мора да биде веднаш и сега. Станува збор за многу горлив проблем. Има голем недостаток на гробни места и во консултација со Црковниот одбор не постои ни една слободна парцела“, напоменува Тренески.
Претседателот на МЗ Тренески, напоменува дека во името на 1326 жители на Пештани до стручните служби на Локалната самоуправа испратиле барања и дописи за решавање на овој проблем. Ние ја разбираме финансиската ситуација на општината и дека за уредување на нова локација требаат пари и време ама и тие мора да знаат дека овој проблем во 21 век на модерната туристичка населба мора што поскоро да се реши, вели Тренески. Гробишата се во центарот на селото и најпогодно ќе биде новата локација да биде на местото викано Краста. На жителите им се нуди алтернативно ама тие бараат трајно решение, вели Тренески.
„Како привремено решение беше понудено со туркање на на дел од дворната ограда од предната страна на сегашните гробишта. Со тоа би се добило за 10 години овој проблем да е решен, но тоа е парцијално решение. Она што ние го бараме како став на месна заедница е изградба и трајно решение, а тоа значи нови парцели и нови гробишта“, дециден е Тренески.
Со истиот проблем, недостиг на гробни места, се соочуваат и жителите од Велгошти. Претседателот на ова месна заедница, Јонче Арнаудоски за ТВМ вели, наскоро ќе го разгледуваат овој проблем. Очекува месната заедница став да заземе по средбата со членовите на Црковниот одбор која е закажана да се одржи по празникот Успение на Пресвета Богородица.