Skip to main content

Невработените охриѓани со слаба заинтересираност за бесплатните курсеви за шивачи, заварувачи, готвачи и машинисти на локалната

Половичен интересот за за бесплатните обуки за шивачи, заварувачи, машинисти и готвачи на локалната самоуправа. Од Секторот за ТЛЕР причините ги гледаат во започнувањето на летните одмори. Најавуваат повторување на огласот на почетокот од септември како би се пополниле предвидените 20 места за обука на невработени лица од градов.

 |  Мишел Наумоски  | 
sivaci

Бесплатните обуки за шивачи, заварувачи, машинисти и готвачи кој го објави локалната за 20 невработени лица од нашата општина, наидоа на половичен интерес кај невработените лица од градов. Поради тоа, од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека поради административните процедури дошло до одолговлекување на почетокот на истите. Во екот на летните одмори инволвираните страни, односно локалната, факултетот за туризам и угостителство како и работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ се договориле со курсевите да се започне по завршувањето на летната сезона.

zavaruvaci„Најверојатно од овие причини, половичен беше интересот за пополнување на бројката од дваесет лица иако се надевам па и можам да речам дека со повторување на уште еден оглас, сега во септември дека бројката ќе се пополни. Од наша страна ние пробавме да анимираме што поголем број на луѓе преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, каде што побаравме и контакти а и од нивна страна беа лично информирани одреден број на невработени лица согласно критериумите кои ги имавме објавено во самиот оглас, и како што кажав добивме половичен одзив во однос на пополнување на бројките, така да ние овој оглас ќе го повториме.“-вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР.

Апостолов вели дека апликациите кои пристигнале на првиот оглас, не биле разгледани поради половичниот интерес, и дека тоа ќе биде направено откако ќе биде комплетирана предвидената бројка од дваесет невработени лица, со огласот кој ќе биде објавен во септември. Тој апелираше до невработените лица да ја искористат оваа можност бидејќи потенцијално би можела да значи нивно идно вработување.

kursevi sivaci„Со овој конкурс ќе можат да добијат комплетно знаење еден степен согласно програмите на институциите кои ги даваат обуките и сето тоа ќе можат да го искористат при нивното вработување во оние компании кои изразија интерес при анкетните истражувања дека не само што имаат потреба од таков профил на лица невработени туку и дека се подготвени веднаш по завршувањето на овие обуки и стекнувањето со сертификатот, да ги вклучат во својот производствен систем и да бидат вработени.“-рече тој.

Инаку при изборот на бараните профили, според Апостолов биле анкетирани триесетина фирми од градов кои покажале најголем интерес за избраните четири струки. При анкетите бил покажан интерес и за други профили кои не се опфатени со курсевите, но поради малата бројка на заинтересирани компании за истите, Апостолов вели дека најверојатно истите би биле опфатени во некој нареден повик за вакви обуки за невработените лица.