Skip to main content

Изградба на патека на приодoт кон Извидничкиот центар, бараат камперите

Изградба на патека на приодoт кон Извидничкиот центар, бараат камперите.

 |  Валентина Неловска  | 
izvidnicki

dajljanСкопјанката Јаворка Стевановиќ Димоска е гостинка која со години доаѓа во кампот Извиднички на Охридското езеро. Раскажува дека два  месеци во годината со семејството поминуваат на крајбрежјето. Вели задоволни се од близината на кампот до градот и од  убавината на езерото.  Главна забелешка и она што им пречи на камперите од Извиднички  е приодот кон кампот. Taa напоменува дека во најскоро време приодот треба да се направи.

„Би било убаво да се направи една патека капините да се расчистат.Тие се чистат секоја пролет,но капината се шири. Во август не може да се помине. Опасно е јас пазарувам со велосипед, но е опасно да се вози на овојј потег. Да има патека луѓето повеќе би излегувале би шетале. Тука има рекичка да се искористи да се исчисти и да се направи патека  би било прекрасно“, укажува Стевановиќ Димоска.

депонијаСлавица Стефаноска, управник на хотел Далјан, пак укажува на ниската еколошката свест кај граѓаните. На почетокот од секоја  пролет заедно со екологистите, хотелот Далјан и Комуналец ги кастрат  капинките, ги чистат дивите депонии во близина на хотелот и извидничкиот камп. Не може да зборуваме и критикуваме само што прават другите за природата туку што правиме и ние како граѓани, подвлекува Стефаноска.      

„ На само 50 метри од плажата во прекрасна природа   фрлаат ѓубре овде каде е свеста на граѓаните. Ние кои живееме од туризмот и во туризмот како ќе ја смениме сликата на туристите. Прв впечаток е депонијата, па и  колку да е убаво првиот впечаток си останува. Не можете да го тргнете тоа од главата на гостите  нечистотијата и сите негативни критики одат на сметка на  Охрид. Треба да има некоја поагресивна акција, да се казнуваат фрлачите“, бара  Стефаноска.

За депонијата од градежен шут на самиот влез од хотелот и кампот, Стефаноска вели, дека безброј пати е подигната и повторно наполнета со отпад. Таа верува дека казните би можеле да ја разбудат заспаната еколошка совест кај граѓаните за да се однесуваат со поголемо внимание кон природата која ни ја подарил Бог.