Гастрономска понуда на сирење и вино од регионот за посетителите во Охрид
Гастрономска понуда на сирење и вино од регионот за посетителите во Охрид.
Кравјо, козјо и овчо сирење, урда, изварок, но и црно и бело автохтоно вино како и други производи од охридско можат да се вкусат на дводневниот фестивал „Вино и сирење“ што се одржува во Охрид. Од синоќа, вкусното сирење залеано со прекрасно домашно вино ги разбуди гастрономските сетила на посетителите на фестивалот. Покрај вино и сирење, можеа да се вкусат и мед, зеленчук и овошје, но и карактеристичниот специјалитет за ова поднебје- ѓомлезето. Од фестивалот „Вино и сирење“ задоволни се и продавачите и посетителите. Охриѓани и гостите кои престојуваат на охридското крајбрежје го поздравуваат настанот.
На плоштадот Крушевска Република со свои прозиводи на манифестацијата на 20 штанда учествуваа над 30 производители од Македонија. На манифестацијата имаше присуство и на прозиводители од регионот Преспа кој го опфаќа и албанскиот дел. Покрај вино и сирење, може да се вкусат и мед,зеленчук и овошје, но и карактеристичниот специјалитет за овој регион ѓомлезето. Производителите се задоволни од оваа манифестација каде што може да ги презентираат различните вкусови на своите производи, а нешто и да заработат.
Покрај дегустацијата на автохтоните сорти на вино и сирење од ова поднебје, дводневната манифестација е пропратена со културно уметничка програма. Фестивалот „Вино и сирење“ за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. Манифестацијата е обновена од минатата година, а годинава општина Охрид го организира настанот со финансиска помош на проект за соработка со прекуграничниот регион Преспа.