Skip to main content

Охриѓани три дена во ритамот на кубанската салса

Салса, Румба, Оришас, Регетон, Руеда де Касино. Звуците на кубанската салса деновиве ќе ги понесат двестоте учесници на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, „Хола Охрид“.

 |  Мишел Наумоски  | 
hola ohrid

Охриѓани три дена во ритамот на кубанската салса. Нашиот град, доживува автентично кубанско доживува благодарение на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, „Хола Охрид“. Тринаесет артисти ќе ги пренесуваат техниките и тајните на салсата, румбата, регетон, руеда де касино на околу двестоте учесници на овој несекојдневен фестивал.

salsa festival„Чувството е прекрасно, луѓето се прекрасни, се надевам дека во иднина ќе продолжи истиот да се одржува и да прерасне во поголем фестивал во кој луѓето ќе можат да уживаат во различните култури. Ние танцуваме со срцето и тоа се обидуваме да ги научиме нашите учесници, како да се танцува со срцето. Да се почувствува музиката, да се даде среќа на луѓето, така да чувството на овој фестивал е одлично, многу сум среќен.“-вели салса инструкторот од Куба, Ројнет Перез-Гонзалес.

Звукот на салсата и страствените кубански танци, насекаде низ светот ги следи и еден од учесниците на „Хола Охрид“, американецот Ели Хури.

Hola Ohrid„Ја обожавам салсата, патувам насекаде низ светот само за да ја гледам, разбрав на фејсбук за овој фестивал, па одлучив да дојдам, многу е забавно, луѓето се прекрасни, дел од нив ги знам од други настани низ светот, па дојдов да видам како е тука, имаме одлични танчери, се забавуваме, Охрид е прекрасен, езерото исто така.“-рече Хури.

Организаторите на фестивалот, луѓето од танцовиот клуб Сонриса велат дека се исклучително задоволни од тоа како се одвива ова прво издание на фестивалот. А еве зошто се одлучиле да организираат еден ваков настан.

kubanska salsa„Идејата за настанокот на овој фестивал е да ја кренеме оваа култура кај нас на салса, кубанска култура малку на повисоко ниво во нашава земја во Македонија. Насекаде низ балканот се игра овој танц, повеќе од десет години, така да кај нас е во последните две три години. Ни требаше доста време за да го подготвиме овој фестивал, отприлика околу шест месеци го подготвуваме.“-вели еден од организаторите на „Хола Охрид“, Димитар Мишев.

Мишев вели дека планираат фестивалот на салсата да стане традиционален и да се случува секоја година на истиот датум. Годинава, покрај делот во кој се изучуваат тајните на кубанските танци, учесниците имаат можност и да се забавуваат, да го разгледуваат градот и да се запознаат со неговите убавини. Инаку „Хола Охрид“ е во организација на танцовиот клуб Сонриса кој постои веќе три години и брои повеќе од 200 членови.