Разликите во понудената и најниската барана цена на тендерите се најчесто причината за нивно поништување
Разликите во понудената и најниската барана цена на тендерите се најчесто причината за нивно поништување.
Од одделението за јавни набавки при локалната самоуправа побаравме одговор зошто пропаѓаат тендерите за значајни проекти кои ги распишуваат, а се од голема важност за граѓаните. Пет пати се распишуваше тендер за изградба на градски автобуски постојки, неколку пати мината година се распишуваше тендер за асфалтирање на ударните дупки низ улиците, два пати се повторуваше тендерот за изработка на сообраќајната студија. Тендерите не пропаѓаат туку се поништуваат, укажуваат на разликата од одделнието за Комунален развој. Напоменуваат дека тендерските постапки се поништуваат од оправдани причини. Првенствено го наведуваат расчекорот на сумите со кои Локалната располага за реализација на проектите и понудените најниски цени на изведувачите кои сакаат да профитираат од работата, информира Љупчо Танески, портпаролот на Фондот за комунален развој.
„ Тука треба да се земе предвид и економската слобода на економските оператори при пријавувањето на тендерите кои ги објавува општината. Економските оператори доаѓаат да заработат но доаѓа до дискурс на можностите на општината со нивните најниски цени. Тоа е главна причина да се оди на објава на нов тендер“ , кажува Танески.
Повторувањето на постапките за јавни набавки пак од друга страна ја одолговлекува реалзиацијата на проектите кои се од суштинска важност за граѓаните.
„Најмногу се губи време. Времето за распишување на нов тендер е прилично долго за една иста услуга“, вели Танески.
Тој наведува примери од поништени тендери кои биле распишани од ЛС каде што сумата за проектот која ја нудела општината не се совпаѓала со понудената на пријавените изведувачи. Таков бил примерот со изградбата на градски линиски постојки. За сообраќајната студија кажува дека бил издвоен износ од 30.000 евра, а оние кои се пријавиле за изработка на студијата барале износ од 50.000 евра.
Имавме тендери каде што не се јавуваше нити еден изведувач, напоменува Танески.
Како дополнителна причина за ваквата состојба портпаролот ја наведува тешката финсиска положба на општината. Приоритет на ЛС е работите да се променат и навреме да се испалаќаат завршените проекти, додава Танески.