Обид на дел од охридските советниците за спас на најстариот веслачки клуб Југ
Обид на дел од охридските советниците за спас на најстариот веслачки клуб Југ.
За ВК Југ денеска беше одложено уште едно судско извршување за иселување од просториите и заплена на опремата по загубениот судски спор со МПЦ. Додека веслачите ги очекуваа извршителите , во градскиот совет двајца советници, независниот Павел Попоски и Јоне Станкоски од Вмро НП, предложија одлука за исплата на финансискиот долг на ВК Југ за да се спречи негово згаснување како најстар градски клуб. Но нивниот предлог Локалната да ги подмири обврските од 450.000 денари не беше ставен на дневен ред за да се разгледува. Сосевтникто Станкоски кажуав дека за овој проблем ЛС И гардончалникот бие зпаомнети уште пред 2 години.
„ Денес ни Градоначалникот ни дел од мнозинството од позицијата не покажаа добар волја да се дискутира.Можеби ќе најдевме начин како да се најде решение за ВК Југ затоа што е декалративно тврдењето на градоначалникот дека се грижиме за клубовите во Охрид, за веслањето и спортовите на вода“,рече Станкоски.
Незвисниот советник Попоски е разочаран од неможноста за дискусија и за сума од 450 000 денари да згасне веслачкиот клуб кој псотои од 1932 година.
„ Буџетот на Охрид немаше да е осиромашен или некоја ставка да е засегната за 450.000 денари. Пари има и чекам кога градончалникот ќе го заврши ни вети дека овој проблем со веслачкиот клуб ќе го завршат и се надеваме што побрзо“, истакна Попоски.
Предлот на советниците беше поддржан и од дел од советниците од мнозинството на ВМРО ДПМНЕ.Очекував поголемо политичка поддршк аи разбирање за веслачкито клуб, рече Дејан Паноски совеник кој го поддржа предлогот од Попоски и Станкоски. Кажа дека за потребата да се најде решение за Југ не била информирана само ЛС туку и Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимписки комитет, пратенците, Владата. Верува дека во соработка со сите институции е можно д а се најде решенеи за опстанок на овој спорт.
„ Не навлегувам во сите сегменти. Побарав разбирање од ЛС и ние како советници да се однесуваме стратешки. Да донесуваме приритетни заклучоци за развој на водените спортови. Ако не работиме на приортитеи туку на ад кох решенија нема да најдеме решение ни за овој ни за другите спортови,“кажа Паноски.
Секретарот Димитaр Спасески кажа дека работеле посветено на решавање на овој проблем. Посочи дека и денешното одложување на извршуавњето во ВК Југ било издејствувано со помош на ЛС.
„Но апслолутно е неможно да се дискутира по прашањето не се подготвени материјали, не ја знаеме точно финасикта состојба и кон кого се задолжувањата , лесно е да се каже 450.000 денари но порцедурата бара да се дефинира проблемот. За да се види дали ЛС може да интервенира и затоа сметам дека барањето на групата советници е избрзано“, подвлекува Спасески.
Спасески напоменува дека ЛС е вклучена во тој процес и го поддржуваат предлогот да се најде решение за спас на клубот. Правени биле преговори со Министерството за одбрана за да се најде соодветен простор каде што ќе се сместат не само за ВК Југ туку и другите спортови на вода.