Skip to main content

Субвенциите за млеко, се мала но добредојдена подршка од владата

Цената и нередовниот откуп на млеко, се проблемите со кои најчесто сесоочуваат млекопроизводителите во струшкиот регион.

 |  Билјана Колоска  | 
mleko
млеко
Цената и нередовниот откуп на млеко, се проблемите со кои најчесто сесоочуваат млекопроизводителите во струшкиот регион.

Неодамнешната млечна криза негативно се одрази и врз млекопроизводителите во струшкиот регион. тие реагиираат на нередовното откупување на млекото  и на цената по која им се исплаќа истото.

„Откупот на млекото е многу слаб, цената ниска. Според нас, таа би требало да изнесува од 18-20 ден за литар, а сега е околу 15-16 денари, скоро разочарувачка„- вели Зоран Затуроски, мелкопроизводител.

Забелешките и незадоволството, млекопроизводителите секојдневно ги пренесуваат во агенцијата за развој на земјоделството. Голем број од нив, помош и потик за продолжување на понатамошно производство на мелко бараат во паричната помош од ресорното министерство, со така наречените субвенции за млеко.

mlekarki„Проблемите се присутни скоро кај сите млекопроизводители, со секоја помала количина на откуп на млеко се земаат и помалку средства од субвенциите, но тие пари кои им ги нуди државата се наменети за нив, и многу од млекопроизводителите ги искористуваат„-истакна Слаѓана Бебекоска-Калајџиеска, раководител на аген.за развој на земјоделство во Струга.

Од вчера и официјално започна пријавувањето и пополнување барања за субвенции за млеко. Во текот на вчерашниот и денешниот ден, до агенцијата се доставени 40-тина  барања а се очекува нивниот број да достигне до 200 .Тоа е бројот на млекопроизводители кои официјално се регистрирани за предавање на млекото во млекари. Субвенциите за млеко овој пат се за месец ноември и декември 2008 година, бидејќи овие два месеци се предвидени во програмата за оваа година, објаснува Калајџиеска. Пријавувањето на барањата можат да се достават најкасно до 3 март.

Инаку, оваа година со субвенциите е предвидено да се исплати 2 денари по литар на предадено млеко.

 

 

{loadposition content9}